Скопје денеска одбележува 116 години од раѓањето на Мајка Тереза. Одбележувањето започна со положување цвеќе пред спомен-плочата на местото каде што се наоѓала нејзината родна куќа во центарот на Скопје.
Прв цвеќе положи првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали, кој ги предводеше присутните делегации.
Во чест на нејзиниот живот и дело наредните денови следуваат низа културни и хуманитарни настани.













