Досега се потврдени вкупно 44 случаи со западнонилска треска, од кои 43 се хоспитализирани, а поголем дел од нив се со невроинвазивна форма на болеста, посочи министерот Сашо Клековски, при денешната посета на Инфективната клиника.
Инаку, од почетокот на епидемијата досега, 21 пациент е отпуштен од болница и упатен на домашно лекување, уште четворица пациенти денеска се отпуштаат, а вкупно пет лица се починати.
„Системот е подготвен и здравствените работници ја имаат нашата целосна поддршка во справување со западнонилската треска како јавноздравствен предизвик“, рече министерот Клековски.
Тој упати апел до граѓаните, доколку забележат симптоми како: висока температура, вкочанет врат, дезориентација, слабост или грчеви, веднаш да се јават кај својот матичен лекар.













