Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Николоски: Имаме разбирање за транспортерите, склучуваме билатерални договори со земјите кои се дел од Шенген зоната

/

Македонија

Сподели преку :

Владата прави сѐ што може за да им помогне на транспортерите – истакна денеска министерот за транспорт, Александар Николоски. Неговата изјава следува откако превозниците најавија дека на 31 август ќе излезат на протест пред Делегацијата на ЕУ во Скопје, поради ограничувањето на престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната на 90 дена во рамки на 180 дена.

Николоски рече дека Владата склучува билатерални договори со земјите кои се дел од Шенген зоната.

„Имаме целосно разбирање за транспортерите и се обидуваме во рамки на нашите можности да помогнеме и да изнајдеме решение. Се работи за правила во Шенген зоната и за правила кои ги уредува Шенген зоната. Она што ние можеме да го направиме е да потпишуваме билатерални договори со земјите-членки на Шенген зоната. Тоа веќе го правиме, веќе постигнавме договор со неколку земји, а во следниот период интензивно ќе работиме на договор со други земји“, рече ресорниот министер.

Тој додаде дека во септември е најавена средба на високо ниво со aвстриската Влада, а во октомври е најавена средба и со словенечката Влада.

Николоски напомена дека се работи на ова поле и со Германија, а целта е да бидат покриени рутите каде македонските транспротери најчесто одат.

„Гледаме генерално да ги покриеме рутите каде македонските транспортери најчесто одат. Со Швајцарија, Хрватска и Романија веќе има договор. Работиме и со Германија и на тој начин ги покриваме земјите каде има најголема фреквенција. Тоа е она што ние можеме да го направиме и го правиме во овој период“, додаде Николоски.

Jumbo 2