Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(фото+видео)Хоспитализирани неколку луѓе, изгореа пластеници и дворови во струмичко – ветрот го шири огнот

/

Македонија

Сподели преку :

Гори во Струмичко меѓу струмичките села Баница и Водоча и струмичката викенд населба Софилар.

Спасени се куќи и викендици во населбата Софилар, а има и хоспитализирано повозрасни жители кои при гаснењето и бранејќи  си ги своите домови и објекти вдишале повеќе чад.

Заменик директорот на ЈП Македонски шуми, Кире Михаилов вели изгорени се пластеници, дворови, а пожарникарите, месното население и механизацијата на Општината попладнево не дозволија огнените јазици да зафатат нечиј дом.

  • Граѓаните коишто имаат тука куќи, викендици… значи, првиот удар којшто јас по моето доаѓање го затекнав беше веднаш до последните куќи, значит огнот беше дојден буквално до куќите во Софилари. Значи тука ги браневме дворовите на луѓето. Беше влезен огнот буквално во дворовите. Значи имаше силен ветер којшто го носеше надолу. Се застана овој крак, тука е спасено сѐ од она коешто го знам, нема зафатено овде ниту една куќа. Има настанато штети на фолии, на други некои дворови коишто се, меѓутоа куќа најверојатно нема зафатено. Во однос на прашањето дали има повредени и хоспитализирани лица, добив информација на самото доаѓање дека има неколку повозрасни жители хоспитализирани затоа што премногу вдишале чад – Кире Михаилов заменик директор на ЈП Македонски шуми.

Пожарот во струмичко се гасне и од воздух, ангажирани се и ер тракторите. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов вели дека денешниот ден е еден од најтешките, бидејќи огнот се има приближи и до населени места, активни се 15 пожари на територија на државата. Вториот поголем пожар е во Прилеп.

Пожарникарите и доброволците со огнените стихии се справуваат и во општините Маврово-Ростуше и во скопско Драчево. Инаку во Струмица пожарот избувна попладнево од селото Баница, по што се прошири кон Водоча и Софилар. На терен се голем број на пожарникари од Струмица и соседните општините, доброволци и од јавните претпријатија, кои со градежна и земјоделска механизација правеа засеци да не влезе огнот во куќите.

Викторија Јованова

Б.С.

(фото+видео)Пожарот кај струмичките села Баница и Водача се приближи кон куќите – се прават засеци низ нивите

Градежна и земјоделска механизација прави засеци низ нивите за да огнените јазици не зафат куќи во атарите на струмичките села Баница и Водача. Пожарот избувнал попладнево. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов вели дека на терен се струмичките пожарникари, но на помош се повикани и пожарникарите од соседните општини, за да се… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2