Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Безбеден град“ евидентираше над 310 илјади прекршоци за шест месеци, повеќе од половина ги направиле странци

/

Македонија

Сподели преку :

И македонските и странските возачи  речиси подеднакво не ги почитуваат сообраќајните правила. Од почетокот на примената на системот „Безбеден град“ до денес се евидентирани над 310 илјади прекршоци, а  нешто повеќе од половина ги направиле странци. По воведувањето на контролите на граничните премини, токму неплатените казни предизвикаа повеќечасовни задржувања на Табановц.  Дека  МВР денеска објави дека  состојбата е нормализирана.

Над 310 илјади сообраќјани  прекршоци евидентираше системот „Безбеден град“ за шест месеци, а најголемиот дел се за брзо возење. Повеќе од половина или околу 58 проценти, се сторени од возила со странски регистарски таблички. Според статистиката што денеска ја објави МВР, само за еден ден, од 19 до 20 август,  странските возачи направиле  5514  прекршоци на патиштата низ Македонија

  • „Во периодот од 02.02.2026 до 20.08.2026 во системот „Безбеден град“ евидентирани се вкупно 310.865 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат на управување со возило со брзина поголема од дозволената – 301.835 прекршоци. Во однос на прекршоците сторени од возила со странски регистарски ознаки, од почетокот на функционирањето на системот регистрирани се вкупно 180.378 прекршоци.“ се наведува во статистиката на  МВР.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека сообраќајот на граничниот премин Табановце се одвива нормално и без поголеми задржувања.

Примената на системот за странските возила започна на 19 август, кога на Табановце почна проверката дали возилата имаат евидентирани прекрошци во системот Безбеден град.  Доколку се утврди неплатена глоба, возачите мора да ја подмират пред да ја напуштат државата. Тоа предизвика километарски колони и револт кај патниците, кои на температури до 40 степени чекаа со часови за да ги регулираат своите обврски.

По реакциите, МВР пушти во употреба мобилна  апликација , преку која странските државјани  можат  електронски да ги платат глобите, што според Министерството придонесе за нормализирање на сообраќајот и намалување на задржувањата на Табановце.

Според последните информации на Автомото сојузот на Македонија, на овој граничен премин  за влез и излез од државата се чека од 40 минути до еден час, додека на граничниот премин Богородица за влез во државата се чека  околу 20 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања.

Емилија Мисирлиевски

Б.С.

Jumbo 2