Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фолксваген во критична ситуација, мерките се недоволни, порача извршниот директор на компанијата

/

Економија

Сподели преку :

Извршниот директор на Фолксваген, Оливер Блуме изјави дека ситуацијата во најголемиот европски производител на автомобили е критична и тензична, по најавите дека се неопходни мерки за намалување на трошоците и редуцирање на работната сила, пренесува агенцијата ДПА.

„Ситуацијата е повеќе од критична“, изјави Блуме во интервју на интранет страницата на  компанијата.

Според него, неопходни се итни мерки, иако оперативниот приход на компанијата од 3,8% е солиден, но не е доволен „да генерира доволно средства на долг рок за нови технологии, нови производи и производствени капацитети“.

„Досегашните мерки за намалување на трошоците за 20% не се доволни“, рече Блуме.

Тој посочи дека се планира новиот пакет мерки да биде усвоен до крајот на годинава и предупреди дека можеби ќе треба да се укинат околу 50.000 работни места за да се направи компанијата конкурентна, што предизвика бес кај вработените и синдикатите.

Тие најавија протести и побараа итни состаноци со раководството околу плановите за иднината на Фолксваген.