Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ангелов: Активни над 15 пожари на отворен простор од кои четири се големи

/

Македонија

Сподели преку :

Над 15 пожари на отворен простор се активни денеска на територијата на државата, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Според него, четири се големи пожари и задаваат сериозни главоболки.

Најголем пожар, и понатаму останува пожарот во Мариовскиот регион, на општините Прилеп и Битола, кој денес ставен под делумна контрола.

„Кракот којшто се движи над селото Крушевица е значително намален. Можеби во вечерните часови ќе се приближи кон селото, но таму, на лице место, се наоѓаат сили од локалните пожарникари, поддржани со тимовите за брз одговор на ДЗС, составени од доброволци од Битола, Кочани и Виница. Имаме и четири екипи со специјални возила, односно огнените тимови на Дирекцијата“, изјави Ангелов кој додаде дека станува збор за линија во должина од километар-два за разлика од претходните денови кога беше над 25 километри. 

Нареден е пожарот којшто повеќе денови трае на територијата на Општина Македонски Брод, над селото Драгов дол.

„И овој пожар е значително намален, но теренот е екстремно негостољубив. На некои места не може да се оди пеш, а ниту има ефект ако се дејствува од воздух“, изјави Ангелов.

Третиот пожар е пожарот којшто веќе повеќе денови е присутен на територијата на Општина Студеничани којшто, како што информира Ангелов, тргна кон Китка.

„Затоа дадов наредба да дејствуваат трите Ер трактори коишто во два налета исфрлија околу 20 тони вода. Постои можност овој пожар целосно да згасне, но и доколку покажува активност, таа ќе биде ограничена само на една точка и дополнително ќе планираме што понатаму“, изјави Ангелов.

Активен е и пожарот којшто вчера околу пладне изби на територијата на Општина Липково, над селото Никуштак, којшто сега се движи во насока над село Матејче и кон манастирот над село Матејче. Останатите пожари, како што посочи Анеглов, се помали пожари. 

Jumbo 2