Според иннформациите од Министерството за здравство, во земјата во моментов има 43 случаи на заразено со вирусот Западен Нил, од кои 40 се потврдени, а три се уште се проверуваат.
За првпат се регистрирани случаи во скопските општини Центар и Чаир.
Здравствените власти информираат дека кај мртов гавран бил пронајден вирусот Западен Нил.
Сите општини добиле задачи теренски да ја проверат состојбата и се врши геомапирање на високоризични места, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски.













