Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Веб апликација за странските возачи за проверка и плаќање на казните од „Безбеден град“

/

Македонија

Сподели преку :

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека е ставена во функција веб-апликацијата со мобилен интерфејс – „Безбеден град“, што во оваа фаза е наменета за странските државјани, сопственици и возачи на возила со странски регистарски таблички.

Странските државјани преку апликацијата ќе можат едноставно и директно да добијат информации за сообраќајните прекршоци евидентирани со системот „Безбеден град“, да имаат увид во издадените прекршочни платни налози, како и да ги подмират глобите по електронски пат.

-„При логирањето, потребно е возачот да ја слика или скенира својата патната исправа  и да ја внесе регистрацијата на возилото или возилата што тој ги користи во нашата држава“, соопшти МВР.

На овој начин, како што појаснија, странските возачи кои со своите возила ќе бидат евидентирани дека сториле сообраќаен прекршок на територијата на целата држава, ќе можат навремено и едноставно да се информираат и да ја регулираат својата обврска, без потреба од дополнително задржување на граничните премини.

Jumbo 2