Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Битола без вода на 33 степени

/

Македонија

Сподели преку :

Поради дефект на електричниот систем на пумпната станица на битолски „Водовод“, голем дел од граѓаните кои живеат во зградите и повисоките делови на Битола останаа без вода, додека кај останатите жители е значително намален притисокот. Граѓаните реагираат дека на температура од 33 степени се без вода и бараат одговор кога ќе се нормализира водоснабдувањето.

Од ЈКП „Водовод“ Битола преку соопштение објавено на нивната ФБ страница информираа дека причината е електричен проблем на пумпната станица „Довлеџик“, поради што е нарушено снабдувањето со вода.

„Поради електричен проблем на ПС „Довлеџик“, привремено е запрено снабдувањето со сурова вода. Ова може да предизвика намалување на нивото во резервоарите, пад на притисокот, а во повисоките делови и прекин во водоснабдувањето. Екипите на ЈКП „Водовод“ Битола, во координација со надлежните институции, работат на отстранување на проблемот“, соопштија од претпријатието.

Засега од ЈКП „Водовод“ не прецизираат до кога ќе трае ваквата состојба. Велат дека јавноста ќе биде навремено известена штом дефектот биде отстранет и водоснабдувањето целосно се нормализира.

Емилија Мисирлиевски

Jumbo 2