Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Досега немало иницијатива за директни разговори меѓу владите на Бугарија и Македонија

/

Македонија

Сподели преку :

Желба има, но не и иницијатива. Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, е подготвен во кое било време да седне со бугарскиот премиер, Румен Радев, да разговара за надминување на спорот со Бугарија и откочување на македонскиот евроинтегративен пат, но, како што рече, досега такво нешто не било иницирано.

  • „Јас сум подготвен во било кој момент да седнам и да разговарам, но средба колку да биде само средба, а притоа да нема никаков ефект, не сум љубител на губење ниту на своето, ниту на неговото време. Очекувам дека дипломатските обиди да се изнајде решение претходно ќе ги доближат позициите на двете страни, па ако има можност за такво доближување, тогаш апсолутно сум подготвен да седнам на средба“, изјави Мицкоски.

На прашањето, дали досега имало иницирано директна средба на кое било ниво, Мицкоски кратко одговори: „Не“.

Мицкоски не даде директен одговор за тоа дали уставните измени со одложено дејство се повторно ставени на преговарачка маса за надминување на спорот со Бугарија, велејќи дека политиката се темели на разговори и дека тој е од оние политичари кои што сакаат да разговараат додека не се постигне решение. Сепак како, што рече, решението ќе се бара во рамки на македонските црвени линии.

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, за вчерашната изјавата на неговиот чешки колега, Петр Мацинка, дека спорот со Бугарија не е билатерален, туку прашање на сите земји-членки на ЕУ, што е спротивно на тврдењето на македонската влада дека спорот со Бугарија е билатерално прашање, Муцуски не одговори директно, туку се задржа на пораката на Мацинка дека Чешка сака да помогне да се дојде до решение.

  • „Тој, ќе повторам уште еднаш, прати јасна порака дека Чешка сака да биде наш поддржувач кон изнаоѓање на соодветно и одржливо решени. Беше прилично јасен, барем јас тоа што го слушав, во неговите пораки во таа смисла“, рече Муцунски.

Муцунски и Мицкоски, денеска, заедно со претседателката на државата, но и шефот на чешката дипломатија, се обратија пред Амбасадорскиот совет на МНР, на која како што информираа на македонските амбасадори и конзули им ги пренела трите клучни приоритети на кои треба да се посветат – заштитата на македонските национални приоритети, јакнење на економската дипломатија од страна на дипломатско-конзуларни претставништва и заштитата на интересите на македонските граѓани во странство.

Тамара Грнчароска

Jumbo 2