Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Полицијата има докази дека пожарот во Мариово е подметнат, најавуваат кривични пријави 

/

Македонија

Сподели преку :

Постојат индиции дека големиот пожар што го зафати мариовското село Чаниште е подметнат, а полицијата веќе располага со материјални докази и работи на откривање на сторителите. Ова на вонредната седница на Советот на Општина Прилеп, што на барање на опозицијата се одржа синоќа на полноќ,  го соопшти командирот на Полициската станица Прилеп.

  • Имаме индиции за можни сторители, обезбедени се материјални докази и видео снимки со помош на граничната полиција и очекуваме во најбрз можен рок да излеземе со конкретни информации и со  кривична пријава“, рече Горан Колонџоски, командир на Полициската станица Прилеп.

Советниците ја критикуваа организацијата на гаснењето, тврдејќи дека на местото недостасувале вода, храна и место за одмор за учесниците, како и дека немало организација за лицата кои доброволно се вклучиле во гаснењето.  Градоначалникот Дејан Продановски информираше дека Општината располага со материјално-технички и човечки ресурси за справување со стихијата и додаде дека во големиот пожар што го зафати Чаниште, каде беа насочени сите расположливи капацитети, за среќа нема човечки жртви.

Според Центарот за управување со кризи, до 13 часот низ земјава  биле регистрирани 12 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, а четири се изгаснати. Најголем и најсложен останува пожарот во Мариово, кој се шири во четири правци и зафаќа територија на три општини – Прилеп, Новаци и Могила.

  • Овој пожар во повеќе наврати го ставаме под контрола и пак се враќа. Во суштина го успоруваме, теренот е специфичен, има густа сува трева висока до половина, грмушки лесно запаливи. Нашата цел е одбрана на селата и тоа засега  успешно го правиме, вели  Стојанче Ангелов директор на ДЗС.

Од ЦУК информираа и дека системот за рана детекција со смарт-камери навремено го открил пожарот кај селото Никуштак во Општина Липково, по што  веднаш биле известени Територијалната противпожарна единица Куманово и Подружницата на Национални шуми.

Емилија Мисирлиевски

Jumbo 2