Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Над 31 милион евра инкасирани од патарина за пет месеци

/

Македонија

Сподели преку :

Од почетокот на годинава заклучно до јуни од наплата на патарина во државава инкасирани се рекордни 1.919.775.277 денари (над 31 милиони евра). Во споредба со минатата 2025 година наплатени се 21.891.532 денари повеќе – објави новинската агенција МИА повикувајќи се на податоци од Јавното претпритијатие за државни патишта (ЈПДП).

Најфреквентна наплатна станици е Тетово по што следуваат Петровец, Романовце, Глумово, Миладиновци, Желино, Гостивар, Стоби, Кадрифаково, Преод, Сопот, Демир Капија, Отовица, Гевгелија.

Според собраните средства и цената на билетите највисоки приходи има на Романовце, по што следуваат Миладиновци, Петровец, Глумово, Желино, Тетово, Стоби, Преод, Гостивар, Сопот, Гевгелија, Кадрифаково, Отовица, Демир Капија.

Учеството на електронската наплата во вкупниот промет на наплата е 36 проценти од вкупно 11 наплатни станици каде е воведена.

Од ЈПДП посочуват дека податоците за продажбата на електронски уреди и нивно надополнување, особено откако  м-таг уредите се достапни и во продажните салони на операторите, покажува дека електронската наплата на патарини е зголемена за 6 проценти од вкупната таква наплата.

Од мај годинава м-таговите може да се купат и во продажната мрежа на „Македонски телеком“ и „А1 Македонија“, а претходно беа достапни само во ЈПДП или на наплатната станица Петровец.

Раководството на ЈПДП при промоцијата на можноста за купување на м-таговите кај мобилните оператори инфорираше дека се размислува за воведување на моделот на наплата на патарини како во Србија, односно затворен систем за наплата за поминати километри. За таа цел, веќе се работи на студија да се воведе ваков систем на наплата на Коридорот 8.

Од наплата на патарини минатата година (заклучно со 23 декември) беше остварен промет од 4.158.914.362 денари (67.624.624 евра).

Jumbo 2