Противпожарната бригада на Град Скопје активно интервенира за гаснење на пожарот во селата во Општина Студеничани, а во гаснењето на пожарот се ангажирани и три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Во моментов нема опасност за ниту едно населено место.
Екипите ќе останат на терен и во текот на целата ноќ, а состојбата ќе се следи континуирано, информираат од ЦУК.













