Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сојузот на борци од Тетово бара Собранието да направи измени на Законот за определување на имиња на улици

/

Македонија

Сподели преку :

Сојузот на борци од Тетово со барање до Собранието да се направат измени на Законот за определување на имиња на улици, како што беше случај со Законот за здруженија и фондации, а со иста цел – да се спречи поставување на имиња поврзани со фашистичка идеологија.

Работната група за именување и преименување на улиците во Тетово досега има два списоци со утврдени над 200 имиња за улици кои би се користеле во градот. Сојузот на борци во неколку наврати реагираше на утврдени имињата, кои официјалната македонска историја ги евидентира како дел од фашистичката идеологија.

Откако тетовскиот Сојуз на борци алармираше дека Општината предлага имиња за улици во Тетово поврзани со фашистичката идеологија, прави и чекор да се спречат тие намери, па бара Собранието да ја зајакне законската регулатива. До парламентарните партии денес испратија барање да се почне процедура и да се направат измени во Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти, како што тоа беше направено со Законот за здруженија и фондации со цел спречување на регистрацијата на бугарските профашистички клубови низ државата.

Со предложените измени и дополнувања бараме во законскиот текст да се внесе изрична забрана за именување со име на личност или организација поврзани со фашизам, нацизам, тероризам и нивните појавни форми, и други имиња поврзани со нивното делување и постоење, се вели во соопштението на Сојузот на борци и граѓаните продолжувачи Тетово.

„Очекуваме собранието да биде конзистентено на своите претходни одлуки од 2022 година. Како што не е дозволиво и не е во ред да се регистрираат фашистички здруженија на граѓани. Исто така, не е во ред определуваат имиња на улици со имиња на фашисти и нивни соработници. Затоа очекуваме дека пратениците, пратеничките групи ќе бидат кооперативни и помеѓу себе, а и кон сојузот на борци и ќе ја препознаат потребата од подобрување на законската регулација и соодветни измени ќе влезат во собраниска процедура веднаш“, изјави Даријан Сотировски, член на претседателството на Сојузот на борци од Тетово.

Работната група за именување и преименување на улиците во Тетово досега има два списоци со утврдени над 200 имиња за улици кои би се користеле во градот. Сојузот на борци во неколку наврати реагираше на утврдени имињата, кои официјалната македонска историја ги евидентира како дел од фашистичката идеологија.

Александар Самарџиев

Jumbo 2