„Вечниот Ахмети повторно ја игра старата двојна игра. Од една страна, демек го спасува Артан од притвор, а од друга страна преку Артан му ја мести ногата на Бујар. Веќе подолго време се шушка дека Бујар Османи зад затворени врати порачува оти Али треба да се повлече за ДУИ повторно да стане конкурентна опозиција. А Бујар, се разбира, чека во низок старт за да јуриша кон фотелјата во Мала Речица“, стои во соопштението од ВРЕДИ.
Од партијата на власт велат дека затоа воопшто не е случајно што Ахмети повторно ја пушти старата финта со повлекувањето. Демек, тој сака да си оди, ама луѓето околу него не го пуштаат.Интригантот Ахмети се обидува да го засили судирот меѓу Артан и Бујар, вешто посочувајќи го Османи како виновник за односот на ДУИ кон обвинението за „Државна лотарија“.
- Едноставно, во ДУИ врие. Артан преку своите лојални поддржувачи веќе испраќа јавни пораки. Очигледно му станува јасно дека „неговите“ го оставиле на цедило. Довчера му велеа „шеф“, „брат“ и „кинг“, а денес сите кренаа рачна и се прават дека не го познаваат. Сега топката е кај Артан. Од тоа што тој, како „црната кутија“ на ДУИ, ќе го каже пред правосудните органи, може да зависи судбината на целото нереформирано раководство на партијата, соопштуваат од ВРЕДИ.













