Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Едносменска настава во дел од училиштата од есенва, кај некои ќе почне напролет – најави Јаневска

/

Македонија

Сподели преку :

Образовните власти вршат адаптација, доградба и реновирање во шест училишта за воведување на едносменска настава, проект за кој е планирано да се спроведе уште во 15 други училишта. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска денеска информираше дека реализацијата кај дел од училиштата ќе почне есенва, а кај останатите, напролет.

„Едно од училиштата во кои се спроведува овој проект е и ова училиште каде што доградуваме три училници за да им овозможиме на учениците соодветно, но и на наставниците да го стекнуваат своето знаење. И во општините каде што има прираст на ученици ние успеваме да спроведеме проект за едносменска настава“, изјави Јаневска при денешниот увид во доградбата на нови училници во Основното училиште „Александар Македонски“ во Реонски центар.

Опремата за новите училници ќе ја набави општината заедно со училиштето, информираше градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески.

Во пресрет на новата учебна година, Јаневска посочи дека учебниците веќе се доставени, а доколку има мерка за намалување на цените на училишниот прибор, како што рече, тоа ќе треба да го предложи Министерството за економија.

На почетокот на месецов, Јаневска информираше дека едносменската настава е воведена во над 200 училишта, речиси во целост во училиштата во неколку општини, како Кавадарци, Ѓорче Петров, Прилеп, Битола, Штип.

Jumbo 2