Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иран истрела два балистички проектила, двата паднале во море – прва ракетна закана за Емиратите по пауза од два месеца

/

Свет

Сподели преку :

Иран истрела две балистички ракети кон Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), но при нападот не е причинета материјална штета, бидејќи двата проектила паднаа во море, соопштија властите на ОАЕ. Едниот, додаваат, паднал надвор од државните територијални води, додека вториот паднал во територијалните води на ОАЕ.

Министерството за одбрана на ОАЕ соопшти дека системите за противвоздушна одбрана ја детектиртале ракетната закана, прва за земјата од мај оваа година, пришто беше издадено предупредување за граѓаните.