Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија во група на осум држави кои не се членки на ЕУ, а воведоа нови санкции против Белорусија

/

Македонија

Сподели преку :

Македонија е дел од групата на осум држави кои не се членки на Европската Унија, а се придружија на најновиот пакет санкции на Блокот против Белорусија поради нејзината поддршка на Русија во војната со Украина. На тој начин, според Еуроњуз, ќе ја усогласат својата политика со мерките што ги донесе Советот на ЕУ на 23 јули.

Покрај Македонија, како што објави Европската Унија, кон најновиот пакет санкции против Белорусија се придружија и Албанија, Босна и Херцеговина, Исланд, Лихтенштајн, Црна Гора, Норвешка и Украина. Нивната одлуката беше поздравена од Брисел.

Санкциите се однесуваат на заострување на ограничувања во трговијата со стоки и технологија кои може да ги зајакнат белоруските воени, технолошки, одбранбени и безбедносни капацитети. Притоа се воведуваат и дополнителни ограничувања на увоз на производи од Белорусија кои може да продуцираат дополнителни приходи. Со новите мерки е опфатено и белоруско работење со криптоимот на територијата на ЕУ.

Jumbo 2