Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трошоците на земјоделците растат, но не и цените на пазарите – засегнатите се жалат на поразителна состојба

/

Македонија

Сподели преку :

Трошоците за производство во земјоделството растат, но не и цените по кои тие ги продаваат плодовите што ги произвеле.

Државниот завод за статистика пресмета дека во јули влезните трошоци на земјоделците се зголемиле за 4,1%, додека излезните цени се намалиле за 5,5%. Таквата состојба на пазарот е поразителна за аграрот, велат засегнатите.

  • Хербициди, пестициди, фунгициди, тоа се од оние препарати кои ги прскаме, значи семињата… Една семка домат од 6 денари отиде на 9,5 денари. Едно семче. Значи да не збориме другите работи. Најлонот, полиетиленското платно од 200 денари сега е 300. Горивото да не збориме, од 70 денари сега е 100. Значи, тие се инпутите кои секојдневно на нас ни создаваат трошок“, вели претседателот на Македонската асоцијација на земјоделски задруги (МАЗЗ), Драги Памуков.

„За жал, овие се некои инпути кај што и ние не можеме да издржиме вака со овие цени: доматот 20 денари, краставицата 30 денари, модриот патлиџан 10 денари, пиперката 40 денари, лутото пиперче феферонката 20 денари. Да не ги набројувам уште. Компирот да не зборувам. Значи, во градинарскиот сектор оваа година беше една од најлошите економски“, додава Памуков.

Поскапување има кај буквално сите инпути во земјоделството.

Според искуството на Памуков, кој обработува хектар и пол со градинарски култури, секоја година влезните цени се зголемуваат во просек по 2-3%, а истовремено се намалува просечната цена по која се откупуваат продуктите од производителите.

„Тука има и една ситуација каде што крајниот потрошувач и кај него има проблематични ситуации каде што тој се одразува со драстично зголемени цени. И сега ние не зборуваме за цени од увоз. Зборуваме за нашето домашно производство. Од мај па сè до почетокот на ноември ги има во секој маркет нашите производи. Тоа маркетите го користат на некој начин како заработувачка, а ние чекор по чекор ни се намалуваат џебовите“, вели земјоделецот Драги Памуков.

Еден од можните начини да се делува на оваа состојба со цел да се заштитат производителите, според Памуков, е државата да ги провери маржите на увозниците на семенски материјал и препарати за заштита и прихрана на растенијата и евентуално да интервенира со ограничување на маржата, како што стори пролетва кога примени таква мерка за ѓубривата.

Мирјана Јовеска

Б.С.

Jumbo 2