Изгореа неколку напуштени куќи и празна штала во голем пожар во прилепско Чаниште. За среќа, нема повредени. Селото е спасено, но огнот продолжува да се шири во два спротивни правца.
Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов ќе бидат потребни неколку денови за целосно да се изгасне.













