Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ваделе царинети перници, текстил, храна, ставале марихуана – нови седум осомничени за шверцот на пет тони марихуана од Македонија во Србија

/

Македонија

Сподели преку :

Уште седуммина се осомничени во македонскиот дел од истрагата за шверцот на петте тони марихуана од Македонија во Србија. Со тоа бројот на осомничени во Македонија се искачи на 13, додека во Србија е поднесено обвинение за уште шестмина. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) доцна попладнево соопшти дека новите осомничени се здружиле заедно со уште неидентификувани лица за да организираат шверц на марихуана кон Србија и складиштето во градот Коњух. Параван била фирмата „Алфафарм“ која имала лиценца за марихуана во објектот во ОХИС, а еден од организаторите бил управител на фирмата. 

„За таа цел користеле товарни возила и царински декларации со кои се прикажувало дека се превезува текстилна, прехранбена и друг вид стока. Откако наркотичната дрога ќе била пренесена преку државната граница, организирале нејзино складирање во месноста Коњух кај Крушевац, каде марихуаната се препакувала и дистрибуирала за натамошна продажба. Кај товарните возила со претходно царинета и пломбирана стока се отстранувала пломбата и се вадел дел од царинетата стока, а на нејзино место се ставале кутии со наркотична дрога марихуана со тежина приближно еднаква на тежината на извадената стока. Потоа товарното возило се упатувало кон ГП Табановце, при што било следено од некој од осомничените со патничко моторно возило“, соопшти ОЈО ГОКК.

Обвинителството соопшти дека начинот на шверцување бил применет при најмалку пет транспорти. Дел од осомничените се наоѓаат во бегство, а двајца осомничени од првата група признале вина и се спогодиле по што судски добиле затворски казни од три и пол години и три години и осум месеци затвор. Осомничените признале дека учествувале во операцијата за транспорт, односно дека кај Свети Николе од камион ваделе прилепски перници наменети за извоз на Англија и товарале исти кутии, но полни со марихуана. Случајот беше откриен на крајот на јануари во Србија.

Миомир Серафиновиќ

Jumbo 2