Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Двајца загинати, 570 евакуирани поради два големи шумски пожари на грчкиот остров Саламина

/

Свет

Сподели преку :

Најмалку две лица ги загубија животите, а повеќе стотици мораа да бидат евакуиран заради двата големи пожари кои вчера во попладневните часови избувнаа „речиси истовремено“ на грчкиот остров Саламина, во близина на Атина.

Во обидите да го спречат евентуалното спојување на двата пожари бил ангажирани околу 260 пожарникари, меѓу кои 15 копнени тимови, 10 авиони и осум хеликоптери.

Првиот пожар бил пријавен пред три часот попладне во близина на јужниот брег на островот и брзо се проширил поради силните ветрови. Дваесет минути подоцна избувнал и втор пожар во источниот дел на островот. По повеќечасовната операција на пожарникарите, една од огнените стихии била ставена под контрола.

Спасувачите спровела и евакуација на луѓето чии животи биле загрозени од брзото ширење на пожарите.

Околу 570 лица биле пренесени со чамци од две плажи на островот до три бродови кои чекале во близина за да ги пренесат луѓето на безбедно.

Пожарникарите ширум Европа овој викенд се борат со огромни шумски пожари. предизвикани од рекордно високите температури.

Денеска во Белгија започна да врне дожд, конечно една добра вест во борбата против еден од најголемите пожари во современата историја на земјата, кој уништи околу 3000 хектари шумска површина во државата.

Околу 500 пожарникари и припадници на армијата се борат со пожарот, кој создаде огромен облак црн чад што се прошири низ регионот и стигна до соседните Германија и Франција.