Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Сипаниците кај овците се шират – одгледувачите бараат дозвола да ги вакцинираат своите стада, надлежните велат чекаме да стигнат вакцините од Турција

/

Економија

Сподели преку :

Државата итно да најде решение за болеста сипаници кај овците бидејќи таа бргу се шири и претставува сериозен ризик за сточниот фонд, алармираат сточарите, кои денеска пораката ја упатија од пред Владата.

Од Сојузот на одгледувачи на овци бараат од Агенцијата за храна и ветеринарство да им дозволи да ги вакцинираат своите стада, од Министерството за земјоделство бараат да преземе превентивни мерки и што поскоро да ги обештетат сточарите чии стада се веќе уништени, а на колегите им порачуваат максимално да ги заштитат овците и периодов да не ги мешаат и зголемуваат трлата.

Во врска со денешната прес-конференција на Сојузот на одгледувачи на овци и упатениот апел за преземање итни мерки против ширењето на сипаниците кај овците и козите, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека, во координација со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), континуирано ја следи епидемиолошката состојба.

Министерот Борче Серафимовски и директорот на АХВ Оливер Миланов се во постојана и непосредна координација, додека надлежните служби секојдневно ги анализираат податоците од засегнатите региони, ефектите од спроведените мерки и потребата од дополнително постапување.

  • Системот за рано откривање и сузбивање на болеста се спроведува преку ветеринарните друштва со кои АХВ има склучено договори за извршување активности од јавен интерес. По секоја пријава за сомнителен случај, официјалните ветеринари земаат крв и брисеви од животните и ги доставуваат на лабораториско испитување. Доколку се потврди присуство на вирусот, директорот на АХВ донесува решение со кое се определуваат контролните и заштитните мерки во засегнатото одгледувалиште, вклучително и евтаназија на животните и нивно нештетно отстранување со закопување на одобрена локација, стои во соопштението од Министерството за земјоделство.

Паралелно со спроведувањето на контролните мерки, од Република Турција се обезбедени 500.000 дози вакцина како донација, кои се очекува да пристигнат деновиве, а до Европската комисија е доставено барање за дополнителни количества.

Експертската група при АХВ редовно се состанува, ја разгледува епидемиолошката слика и ги утврдува понатамошните мерки за ограничување на болеста. Повторно е побарана и стручна поддршка од тимот EUVET на Европската комисија. Пред примената, вакцините задолжително ќе бидат лабораториски испитани за безбедност и чистота, а вакцинирањето ќе започне по потврдувањето на резултатите, според официјален план и под контрола на АХВ.

Jumbo 2