СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Н. (18) од Куманово и 16 годишно лице од Република Австрија поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, верска и друга дискриминаторска основа“.
На 26.97.2026 на објектот каде што е сместено едно културно уметничко друштво во Куманово, пријавените испишале графити со навредлива содржина.

За вандализмот во Куманово, министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ објави и видео од безбедносни камери. На видеото се гледа како две лица ноќта во петокот кон саботата, околу 1 часот по полноќ, паркираат автомобил и излегуваат неколку пати, приближувајќи се до влезот на српското културно-уметничко друштво во Куманово и чкртаат написи и графити. По… Продолжи со читање













