Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уапсени Косовец и Македонец кои шверцувале марихуана тешка над 300 килограми – дрогата била скриена во осум палети со хартија

/

Македонија

Сподели преку :

Еден македонски и еден косовски државјанин се уапсени во меѓународна акција во која се запленети 324 килограми марихуана.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека акцијата била спроведена во Солун во соработка со Косово и Грција при што е сузбиена меѓународна организирана криминална група.

При контрола на товарно моторно возило, во приколка била пронајдена дрогата скриена во осум палети со хартија.

Извршени се претреси на повеќе локации на територијата на државата, со цел откривање на евентуално инволвирани други лица, како и обезбедување на дополнителни докази и предмети поврзани со кривичното дело.

Акцијата е резултат на континуирана и координирана меѓународна соработка во борбата против организираниот криминал и недозволената трговија со наркотични дроги.

M.M.

Jumbo 2