По досега најкритичното деноноќие состојбата со пожарите полека се смирува но сепак денес на територијата на државата се регистрирани 20 пожари на отворен простор.
Во моментов активни се осум а два се под контрола.
Според надлежните засега најтешка е состојбата во подножјето на планината Китка, кај селото Рамни Габер каде веќе четврти ден гори мешана шума.
Активни пожари има и на територијата на општините Македонски Брод, Велес, Јегуновце, Струга, Крушево, Прилеп и Чучер Сандево додека под контрола е пожарот на депонијата во Делчево и кај селото Алданци.













