СВР Тетово поднесe кривична пријава против В.М.(42) од Прилеп и Б.С.(37) од село во општина Желино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
На 14.06.2026 во Тетово, второ пријавениот под дејство на алкохол ја напуштил прво пријавената со нивното тримесечно бебе на улица, а потоа прво пријавената ја превртела количката, при што бебето паднало на асфалтот и се здобило со повреди.













