Втор смртен случај на западнонилска треска. Седумдесет и двегодишен пациент ѝ подлегна на инфекцијата со убод на комарец. Пациент беше лекуван на Инфективната клиника во Скопје и беше со коморбидитети. Викендот почина и 83-годишно лице.
На Инфективната клиника во моментот се хоспитализирани 19 пациенти, сите над 60-годишна возраст со лабораториски потврдена западнонилска треска.













