Обвинителството ја запре истрагата против вработениот во Народната банка кој на судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски од еден од обвинетите Велибор Манев беше посочен дека го земал ранецот каде се наоѓал пиштолот кој го користел Љупчо Палевски Палчо.
Од обвинителството соопштија дека по извршените проверки донесена е наредба за запирање на истрагата бидејќи не се обезбедиле докази дека пријавениот го сторил кривичното дело.
Обвинетите за грабнувањата и убиствата беа осудени на доживотна казна затвор, а Апелација ги потврди казните. Повторно ќе му се суди на Александар Ѓорчевски, таткото на Вања кој е обвинет за помагање во нејзиното грабнување.
Скопското обвинителство отвори истрага против Зоран Д. вработен во Народна банка, под сомнение дека им помогнал на сторителите во прикривање на оружјето со кое беа извршени двете брутални убиства на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Според сведочењето на еден од обвинетите, Велибор Манев, дадено во завршните зборови во судот, тој добил задача да го уништи пиштолот со кои беа извршени ликвидацииите.
Една година подоцна, Обвинителството соопшти дека ја зпаира истрагата.

Скопското обвинителство отвори истрага против Зоран Д. ; вработен во Народна банка, под сомнение дека им помогнал на сторителите во прикривање на оружјето со кое беа извршени двете брутални убиства на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Според сведочењето на еден од обвинетите, Велибор Манев, дадено вчера во завршните зборови во судот, токму Зоран Д. добил… Продолжи со читање













