Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинението за Артан Груби е за кривично дело со поблаги казни во споредба со она за кое се водеше истрагата

/

Македонија

Сподели преку :

Екс вицепремиерот Артан Груби  доби обвинение за кривично дело со пониски казни во споредба со она за кое се водеше истрагата. Тој  на 24 август треба да седне на обвинителна клупа за злоупотреба на службената положба за кое е предвидено највисока казна од 5 години затвор согласно измените на КЗ од 2023. Иако на почетокот на годината имаше нови законски измени според КЗ се применува најблагиот закон кој важел по извршувањето на делото.

Обвинителството во 2024 отвори истрага против Груби и екс директорот на Државна Лотарија Прпарим Бајрами за делото проневера во службата. Тогаш наведе дека  заедно учествувале во дејствија на штета на акционерското друштво, а со намера да прибават противправна имотна корист за друг од значителен изност од над 8 милиони евра од буџетот

За проневера во службата кога сторителот проибавил значителна имотна корист Кривичниот законик предвидува намалку 4 години затвор до максималните 20 .

На што се должи промената на квалификацијата од обвинителството за Телма  кусо одговорија

„При одредување на правната квалификација во поднесеното обвинение надлежниот јавен обвинител се водеше од доказите прибрани во текот на истражната постапка“, велат од ОЈО Скопје.

Со оглед на тоа што е  поднесен обвинителен предлог а не обивнителен акт Груби може да остане во домашен притвор уште најмногу 60 дена – ако до тогаш не заврши судењето, објаснија вчера од Кривичниот суд.

Адвокатот на Груби, Гоце Ристевски во разговор за Телма рече дека „кога ќе го добијат обвинението и решението за продолжување на домашниот притвор ќе ја известат јавноста за следните чекори“.

Покрај Груби и Бајрами обвинителството ги гони и и екс генералниот секретар на владата Методија Димовски и уште 5 мина обвинети претседател и членови н а надзорниот одбор на Лотарија  дека   ја злоупотребиле службената положба и ја оштетиле компанијата за 8.2 милиони евра со одлуката за набавката на видеолотариски терминали

На 23 февруари годинава Груби , по 14 месечно бегство Груби се предаде на граничниот премин Блаце и му беше сменета мерката во куќен притвор . Обвинителството предлоѓи оваа мерка заедно со одземање на пасошто да продолжи. Пераприм Бајрами е се уште недостапен и за него има притвор по пронаоѓање.

Елена Ивановска Муковска

Jumbo 2