Пет македонски семејства досега побарале помош или асистенција при евакуација од подрачјата во Грција зафатени со пожари, информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Во координација со грчките власти, тие биле упатени кон најблиските безбедни евакуациски точки.
Од Министерството посочуваат дека семејствата се безбедно згрижени заедно со останатите туристи.
Во македонската Амбасада во Загреб, не е пристигнато ниту едно барање за помош или асистенција од македонски државјани поврзано со големиот пожар што го зафати подрачјето на Омиш и Локва Рогозница.
Од МНР апелираат до македонските државјани кои се наоѓаат во засегнатите подрачја внимателно да ја следат состојбата и да ги почитуваат упатствата и насоките на надлежните локални власти.
Сите кои имаат потреба од помош можат да се обратат на дежурниот телефон +389 75 268 736 или на електронската адреса [email protected]. Помош е достапна и преку дежурните телефони на Конзулатот на Северна Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001.













