Во Македонија до 7:30 часот утрово се регистрирани вкупно 40 пожари на отворен простор, од кои шест се активни, три се под контрола, а 31 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни пожари има во општините Студеничани, Македонски Брод, Битола, Новаци, Крушево и Велес. На повеќе локации гори ниска вегетација и шума.
Под контрола се пожарите кај депонијата во Делчево, во селата Лознани и Вашарејца во Могила и во селото Копанце во Јегуновце.
Во текот на изминатото деноноќие се изгаснати 31 пожар на територијата на повеќе општини, меѓу кои Сарај, Прилеп, Охрид, Струга, Кичево, Велес, Кавадарци, Куманово, Тетово и Гостивар.













