Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

13 лица на инфоемативен разговор поради лажни информации за водата во Скопје

/

Македонија

Сподели преку :

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР досега повика 13 лица на информативен разговор поради ширење лажни информации на социјалните мрежи за наводно загадување на водата за пиење во Скопје.

Од МВР информираат дека лицата изјавиле оти информациите ги објавиле или споделиле откако ги виделе на социјалните мрежи или ги слушнале од други лица. Никој од нив не посочил конкретен и потврден извор за тврдењата за загадена вода.

Секторот продолжува со прибирање и анализа на податоци за да се утврди како информациите се појавиле и како понатаму се ширеле.

МВР апелира граѓаните да не споделуваат непроверени информации и да се информираат од официјални и релевантни извори, особено кога станува збор за здравјето и безбедноста на граѓаните.

Jumbo 2