Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тринаесет лица се повикани на информативен разговор за ширење лажни информации за водата за пиење – никој не посочил веродостоен извор, велат од МВР

/

Македонија

Сподели преку :

Тринаесет лица се повикани на информативен разговор за ширење на лажни информации на социјалните мрежи за наводно загадување на водата за пиење во Скопје – извести Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР.

 Со лицата е извршен службен разговор, при што сите се изјасниле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе слична објава на социјалните мрежи или слушнале од друго лице. Притоа, никој од нив не посочил конкретен, потврден или веродостоен извор кој би ги поткрепил тврдењата за загадување на водата.

Истрагата треба да утврди на кој начин се појавиле и понатаму се ширеле лажните вести во интернет просторот. Веста дека водата во Скопје е небезбедна за пиење се прошири за брзо време и  предизвика паника и вознемиреност во јавноста, по што надлежните власти одржаа прес конференција на која информираа дека квалитетот на водата се проверува редовно, нема бактерии и дека водата е безбедна за пиење.

Од МВР апелираат до граѓаните да не споделуваат информации чија точност не е проверена и да се информираат исклучиво од официјални и релевантни извори.

Jumbo 2