Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пронајдена e 15-годишната Кристина од Охрид која беше пријавена за исчезната

/

Македонија

Сподели преку :

Полицијата ја пронајде 15-годишната К.Ј. од Охрид, која вчера се оддалечила од својот дом и за која беше пријавено исчезнување.

Од МВР информираат дека малолетничката била пронајдена денеска (13 август) во 12:20 часот на крстосницата на улиците „АСНОМ“ и „Никола Карев“ во Охрид, по преземени мерки и активности.

Во содејство со Центарот за социјални работи, девојката била предадена на нејзините родители.

Исчезна 15-годишна девојка од Охрид, утринава пријавил татко и дека ја нема од вчера попладне

Утринава во 5:45 часот во СВР Охрид било пријавено исчезнување на 15-годишна девојка од Охрид, информира полицијата. Според СВР Охрид нејзиниот 57-годишен татко Н.Ј. пријавил дека вчера околу 16 часот неговата малолетна ќерка К.Ј. се оддалечила од домот. Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање. Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2