Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тројца мигранти од Судан кои незабележано се качиле во камион на пристаништето во Солун, откриени на македонска граница

/

Македонија

Сподели преку :

Цариниците пронајдоа тројца мигранти од Судан скриени во камион. Тие најверојатно тајно се качиле во камионот во пристаништето во Солун.

Од царината соопштија дека стоката, со потекло од Кина, била натоварена во пристаништето во Солун, по што камионот бил пломбиран со грчка царинска пломба. Тројцата државјани на Судан ја скинале сајлата на предниот дел од товарниот простор на камионот и се скриле меѓу кутиите.

Мигрантите биле откриени при детална контрола на стоката, која била пријавена за увозно царинење.

Ова е четврт случај на откриени илегални мигранти во последните три месеци, соопшти Царинската управа. Тројцата мигранти се предадени на Министерството за внатрешни работи за понатамошно постапување.

Jumbo 2