Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нова политичка пресметка за водата во Гостивар: СДСМ тврди за реинфекции, ВМРО-ДПМНЕ го обвинува Филипче за минатото

/

Македонија

Сподели преку :

Здравствената катастрофа во Гостивар не стивнува обвиниуваат денес од СДСМ со тврдење дека до нив стигнале информации дека има случаи на реинфицирани граѓани – луѓе кои повторно се затруени и заболени.  Според нив ова е сериозен аларм дека ризикот не е отстранет и дека изворот на труењето се уште не е ставен под контрола.

– Се криеја информации за водата и никогаш не се објави анализа или извештај, кој одобрил водата да се користи како техничка иако власта потврди дека во водат има бактерии, не една туку повеќе.Пет недели нема одговорност ниту од министерот за здравство Клековски, ниту од институциите кои потфрлија во заштитата на здравјето на граѓаните. До 20 ти август за кога Клековски најави дека ќе бидат готови резултатите од анализите, опасноста од нови и реинфицирани случаи е присутна, изјави Кети Штерјова од СДСМ.

ВМРО ДПМНЕ денес преку соопштение упати обвинувања дека со години молчеле Венко Филипче и Рената Младеновска, кои според нив, добивале стотици документи со извештаи за загадена вода ни ништо не презеле. Велат дека сега институциите се справуваат со актуелната состојба во Гостивар, но мора да се расчисти и со минатото.

– Над 400 извештаи за загадена вода им биле доставени а Филипче и Младеновска со години молчеле. Денес наместо одговорност Филипче се обидува да глуми морален авторитет и да префрлува вина.  Гостиварци заслужуваат да знаат зошто Филипче ја имал документацијата за загадената вода, знаел и одлучил да молчи и да не превземе ниту еден конкретен чекор.И додека неспособните кадри на Филипче ДУИ и Таравари бегаат од одговорност, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ интервенираше за граѓаните во Гостивар да добијат техничка вода и флаширана вода за пиење.*

Од општа болница Гостивар велат дека немаат евидентирано случаи на повторно заболени. Од Центарот за јавно здравје Тетово до подготовката на овој прилог не добивме информации за тековната епидемиолошка состојба  околу заболени луѓе кои имаат здравствени проблеми со дигестивниот систем.

Александар Самарџиев

Jumbo 2