Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѓоргиевски: Веста што се шири за водата е рамна на терористички напад – одговорно тврдам дека нема ешерихија коли, ниту нешто такво во водата за пиење во Скопје

/

Македонија

Сподели преку :

Не постои ниту ешерихија коли, ниту нешто такво во водата за пиење во Скопје, порача градоначалникот на Скопје, Орце Ѓоргиевски на вонредна пресд-конференција попладнево.

„Ние имаме една од петте најдобри води и извори во Европа и одговорно тврдам и стојам позади тоа. Не сум монструм кој што ќе дозволи макар еден живот на моите сограѓани да биде загрозен“, рече Ѓоргиевски.

Веста дека водата за пиење во Скопје е небезбедна што почна масовно да се шири претпладнево ја наречен организиран напад од, како што рече, „опозицијата генерално“, за ширење на хистерија, паника и страв кај граѓаните во Скопје, според него „рамен на терористички напад“.

„Од утринава се сублимираат сите профили, и лажните и оние приватни, а се припадници на опозициските партии и уредно во текот на денот од директорот на „Водовод и канализација“ ќе бидат доставени до министерството за внатрешни работи, каде што барам да се постапи соодветно против истите“, порача Ѓоргиевски.

С.Д.

Jumbo 2