Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ ги меша инфлацијата со реалниот раст – додека тие зборуваат за „колапс“, растат индустријата, извозот и капиталните инвестиции

/

Македонија

Сподели преку :

„Последниве денови економските т.н. „експерти“ од СДС се обидуваат да создадат слика дека македонската економија е во криза, мешајќи го нивото на цените со инфлацијата и номиналните со реалните показатели. Официјалните бројки покажуваат нешто сосема друго. Инфлацијата во јули изнесува 2,3% на годишно ниво. Кај храната и безалкохолните пијалаци цените во јули се намалени за 1,1% во однос на јуни. Од априлскиот врв до јули, годишната стапка на инфлација падна за 3,4%, односно 60% пониска во однос на априлското ниво“, објави на прес – конференција Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека пониска инфлација не значи дека цените се вратиле на нивото од пред неколку години. Значи дека темпото на нивниот раст се намалува.

  • Но ако економијата е замрзната, како индустриското производство во јуни расте за 6,5%, преработувачката индустрија за 7,9%, а производството на капитални производи за 8,6%? Само еден месец претходно СДС зборуваше за „слободен пад“ на индустријата. Денес, по најновите податоци, индустриското производство за целото прво полугодие е во плус, вели Стојановски.

Jumbo 2