Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Камионџиите излегуваат на радикални протести и блокади околу амбасади ако до септември нема решение за подолг престој во ЕУ

/

Македонија

Сподели преку :

Ако на состанокот на 1 септември Европската Унија не понуди барем привремено решение за проблемот на превозниците, тие најавуваат радикални протести. Ова е заклучокот на денешниот состанок меѓу претставниците на транспортните компании од Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, а поддршка имаат и од колегите од Албанија и Косово.

Проблемот е што на камионџиите им се пресметува престојот во шенген зоната како и на секој друг граѓанин на трети земји, односно престојот им е ограничен на 90 во последните 180 дена. Ако веќе не може да бидат изземени од ова правило, како што е случај со машиновозачите и пилотите, тогаш бараат наместо во денови, нивниот престој да се брои во часови и минути.

„Ако ЕУ прифати да ни брои комплетни, полни денови, односно изразено во часови, минути, па дури и секунди, тогаш проблемот е решен, или привремено решен. Ако останат на тоа денот на влез да се смета како прв ден, а денот на излез како втор ден, тогаш ние сме во сеиозен проблем и тој проблем нема лесно да се реши“, вели Неџо Мандиќ, претседател на Здружението за меѓународен транспорт од Белград.

Рокот што ЕУ им го вети на превозниците од Западен Балкан за решавање на проблемот заврши вчерз. Транспортерите тврдат дека нема никаков напредок во преговорите, ниту гледаат волја за изнаоѓање решение во наредниот период, што неминовно ќе доведе до нови протести.

„Значи дека ние остануваме без работа во буквална смисла на зборот. Ако немаме возачи, камионите ќе ни стојат. За да не се случи вие како потрошувачи, како граѓани, да доживеете да нема продукти во нашите продавници, ние ќе се ‘жртвуваме’ и ќе застанеме на граничните премини или околу амбасадите на ЕУ или на други делови каде што имаме странски инвеститори за да покажеме дека сепак сме тука и дека треба да водат сметка. Затоа што една држава ако си нема свој сопствен транспорт веќе не може да зборуваме за раст и развој на економијата“, вели Билјана Муратовска, генерална секретарка на македонската транспортна асоцијација „Макам-транс“.

Министерот за транспорт во интервју за „Телма“ вели дека Македонија самостојно работи на решенија на билатерална основа со повеќе држави.

„Секоја држава треба да си го решава проблемот самостојно и не смееме овој проблем да го гледаме во купче затоа што една е позицијата на Македонија, а друга на останатите држави од Западен Балкан и не мислам дека е паметно овој проблем да се гледа заеднички, туку секоја држава треба да го решава индивидуално. Ние го решаваме индивидулно, имаме решенија и ако другите држави немаат решенија тоа е нивни проблем.
Ај ќе бидам попрецизен. Мислам дека не треба да потпаѓаме на пропагандата која што главно доаѓа од Србија. Тие си имаат свои проблеми со ЕУ. Нека си ги решаваат. Толку“, вели Александар Николоски, министер за транспорт и врски.

Според Николоски, новиот систем на ЕУ, за жал, има бројни слабости што  ЕУ треба интерно да ги реши. Во меѓувреме, Македонија ги таргетира државите каде најмногу се извезува, а билатерални договори веќе се склучени со Швајцарија, Хрватска и Романија, во тек е Австрија, а се преговара и со Германија и Унгарија.

Мирјана Јовеска

Jumbo 2