Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Известувањето на Уставниот суд за судија кој не применил одлука поврзана со нападите врз новинарите на 27-ми април, според Судскиот Совет може да создаде впечаток на притисок врз судиите

/

Македонија

Сподели преку :

Судскиот Совет и Здружението на судии сметаат дека за примената на одлуката на Уставниот суд, поврзана со насилството врз новинарите во Собранието на 27-ми април со која е утврдена повреда на уставно загарантираното право на слобода на изразување на мислата, конечниот збор треба да го каже второстепениот Апелационен суд каде има жалба откако судија во Граѓанскиот суд ја отфрлил одлуката како нов доказ во постапка. Уставниот судија соопшти дека го известил и Судскиот совет и обвинителството за неприменување на одлуката. Судскиот совет и Здружението на судии сметаат дека оценката на законитоста на првостепената одлука му припаѓа само на надлежниот второстепен суд и дека секое институционално постапување поврзано со конкретната неправосилна постапка бара особена внимателност и воздржаност за да не се создаде впечаток на прејудицирање на исходот на постапката или на притисок врз судиите кои го работат предметот.

„Функцијата на судовите не се состои во извршување на одлуки на други државни органи, туку во самостојно и независно судење врз основа на Уставот, законите и ратификуваните меѓународни договори. Оттука, ниту еден орган, без оглед на неговата уставна положба, не може да определува или да прејудицира каква одлука треба да донесе судот во конкретен предмет“, велат од Судскиот совет и Здружението на судии.

Станува збор за барање за повторување на судски процес во граѓанскиот суд откако Уставниот суд утврдил дека и Граѓанскиот суд и Апелациониот суд со своите први одлуки за случајот  сториле повреда на уставното право за слобода на изразување на мисла, за случај кога новинарите беа загрозени при известување од упадот во Собранието, а државата не ги заштити при вршење на своите обврски при што го применуваа правото на слобода на изразување. Иако Уставниот суд утврдил дека и судовите го кршат тоа право, спротивните пресуди на Граѓански и Апелациски суд се уште се во правна сила бидејќи нема прецизен механизам за поништување во правниот систем. Иако Актот на Уставнио суд наведува дека одлуките на уставниот суд за основните слободи и права од член 110 од Уставот, треба да ги изврши органот или субјектот којшто го донел поединечниот акт од одлуката, двата суда не презеле никакви активности, а дополнително во прв степен е одбиено барање да се повтори судската постапка. Со законот за судовите пак е определено дека судската одлука може да ја менува или укинува само надлежен суд во постапка пропишана со закон.

Инаку досега судскиот систем, за повеќе од 9 години, не успеа да ги заврши сите постапки за новинарите чии права беа повредени и беа животно загрозени на крвавиот четврток во Собранието.

Миомир Серафиновиќ

Jumbo 2