Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп тајно префрлен од „Ер Форс Уан“ во воен авион по Самитот во Турција поради закани по неговиот живот

/

Свет

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп бил тајно префрлен од „Ер Форс Уан“ во воен авион на аеродромот во Анкара минатиот месец, објавија „Вашингтон пост“ и „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на американски официјални лица.

Според високи американски претставници, и покрај јавните тврдења дека Трамп се вратил од Анкара со „Ер Форс Уан“, тој на крајот од самитот на НАТО минатиот месец бил префрлен во друг авион поради закани по неговиот живот од Иран.

Фотографиите и снимките од самитот го покажуваат Трамп како се качува во „Ер Форс Уан“ пред присутните новинари. По полетувањето, медиумите објавија дека претседателскиот авион се упатил кон воената база Милденхол во Велика Британија.

Сепак, само неколку минути подоцна, Трамп и неколку негови блиски соработници тајно го напуштиле авионот од спротивната страна, преку  аеродромско возило за кетеринг, користејќи хидраулична платформа, до помал воен авион од типот „Ер Форс Ц-32А“. Со тој авион Трамп отпатувал за Велика Британија.

По пристигнувањето во Велика Британија, американскиот претседател повторно бил префрлен во постарата верзија на „Ер Форс Уан“.

Додека Трамп е во Турција, американската војска изврши серија големи напади врз Иран како одмазда за нападите врз трговскиот брод во регионот. Одлуката за промена на авионите била донесена по заканите по неговиот живот од Иран.