Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

/

Македонија

Сподели преку :

Уште еден случај на затруено дете е евидентиран во Куманово, објави МИА. Вчера во 14:28 часот во СВР Куманово лекар од Општа болница Куманово пријавил дека кај нив било донесено двегодишно дете кое било затруено со лекови.

Од кумановската полиција информираат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

Од Општа болница Куманово потврдуваат дека детето вчера било примено на Одделението за педијатрија, каде му била укажана медицинска помош, по што денеска било пуштено на домашно лекување.

Ова е втор случај на труење на двегодишно дете во Куманово за две недели. Неодамна, двегодишно дете беше затруено откако испило средство за разредување боја.

Двегодишно дете од Куманово затруено со разредувач за боја

Вчера во 14:00 часот во СВР Куманово, од општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено двегодишно дете од Куманово кое било затруено со средство за разредување на боја. По укажана лекарска помош, детето било пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.… Продолжи со читање

telma.com.mk

 

Jumbo 2