Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пелагониските сточари ќе го блокираат граничниот премин Меџитлија ако не им се исплатат субвенциите до крајот на неделава

/

Економија

Сподели преку :

Пелагониските сточари со рок до крајот на неделава за исплата на заостанатите субвенции. Велат, ако парите не легнат на сметките, ќе го блокираат граничниот премин Меџитлија. Се пожалија  дека покрај доцнењето на државната помош, ги притискаат и ниските откупни цени на млекото

Пелагониските сточари  се  уште чекаат исплата на заостанатите субвенции. Велат трпението им е при крај и ако до крајот на оваа недела не ја добијат државната помош, ќе го блокираат граничниот премин Меџитлија. Им дадоа поддршка на  струмичките  производители на ајварка, кои протестираат поради ниските откупни цени на пиперката.

  • Ќе бидеме принудени и ние да најавиме еден генерален штрајк и блокада на граничниот премин Меџитлија, затоа што веќе 22 месеци ќе се сторат неисплатени субвенции и нереална цена на сите откупни земјоделски производи, вели Тони Петковски, претседател на здружението „Пелагониско Поле“.

Државата на сточарите им должи субвенции по грло добиток за 2025, а не им е исплатена ниту премијата за откупеното млеко за шест месеци од лани. Субвенции нема ниту за оваа година.

  • Поминаа 2 месеци отккао заврши рокот з испалта на субвенции, а ние и натаму остануваме изиграни. Изиграни од тоа што тие си ја тераат политиката по нивно. Нас не нe интересира ребалансот, ако немаат пари, нека си кажат, рече Борче Бучински, сточар.
  • Најголемата поддршка на оваа Влада беа земјоделците, а испаѓа дека треба да одиме по протести за да можеме да си земеме пари,  рече Никола Вршаковски, сточар.

Реагираат и на ниските откупни цени на млекото , а велат дека заедно со неисплатените субвенции, сточарството е пред колапс.

  • Млекото лани, во рок од три месеци, од 32 денари го паднаа на 26, 24,а  кај некои млекарници, на помалку. Сега  повторно имало најава дека ќе падне до 22 денари за литар млеко, а едно шише вода од литар и пол е 30 и кусур денари. Секаде во оваа глобална криза гледаат  домашното производтво да се зголеми, само кај нас се уништува земјоделието, рече Никола Вршаковски, сточар.

Премиерот Христијан Мицкоски неодамна од Битола порача дека средствата за сточарите се обезбедени и субвенциите ќе се исплатат по објавувањето на ребалансот на  Буџетот  во Служебен весник, но обвини и за пријави со нереално производство и најави контроли. Земјоделците, пак, велат дека податоците ги евидентираат откупувачите и подрачните канцеларии на Министерството и порачаа дека, доколку има неправилности, треба таму да се бараат.

Емилија Мисирлиевски

Jumbo 2