Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Притвор за двајца турски државјани осомничени за продажба на марихуана во Штип каде што привремено престојувале

/

Македонија

Сподели преку :

Одреден е притвор за двајца турски државјани – 24 годишно момче и 21 годишна девојка за продавање на марихуана во Штип каде што привремено престојувале.
Акцијата се одвивала во саботата навечер кога полицијата по претходно добиени сознанија околу  22:00 часот на Штипски сокак, затекнала две лица од Турција како продаваат марихуана на 23 годишен штипјанец. Турските државјани побегнале пред полицијата да ги уапси, но по кратко време еден од нив бил фатен и лишен од слобода.
За настанот биле запознаени јавен обвинител и судија на претходна постапка, по што бил  извршен претрес во домот на бегалецот.
Таму полицијата ја затекнала 21 годишната девојка од Турција која исто така имала привремен престој во Штип.
Во станот нашле и неколку ќеси и повеќе пакувања со марихуана и бела прашкаста материја и дигитална вага.
Со судска наредба потоа бил извршен претрес и во станот во Штип каде што престојувала  девојката каде биле најдени марихуана, дробилка, пари во различни валути и други предмети за кои полицијата се  сомнева дека потекнуваат од кривично дело.
На двајцата Турци им е одреден притвор, а во полициската акција бил уаспен и штипјанецот кој купувал марихуана на Штипски сокак.
Jumbo 2