Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Грчките цариници запленија над 1.000 боци нелегален фреон – 296 се откриени во камион од Македонија на ГП Дојран

/

Македонија

Сподели преку :

Царински службеници на грчката Независна управа за јавни приходи (ААДЕ) откриле и заплениле вкупно 1.296 боци нелегална разладна течност (фреон) на граничните премини Дојран/Дојрани кон нашата земја и Кипи кон Турција, при проверка на две товарни возила кои влегле во Грцијаа. Избегнатите царини и даноци се проценуваат на повеќе од 338.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Од боците со нелегален фреон, 1.000 биле скриени во камион со турски регистарски таблички, а останатите 296 во камион што во Грција дошол од Македонија.

„Во раните утрински часови истиот ден, на граничниот премин Дојрани, при контрола на празен товарен контејнер од Северна Македонија, во специјално направена преграда биле откриени 296 боци нелегална разладна течност од типот R134a, за кои царините и даноците се пресметуваат во износ од 55.000 евра“, соопштија од ААДЕ.

Во исто време, на граничниот премини Кипи кон Турција при контрола на товарно возило со приколка со турски регистарски таблички, биле откриени 1.000 боци фреон од типот R404A, што биле „внимателно скриени под пријавениот товар од гипс-картонски плочи“.

„Увозот на оваа течност во ЕУ е забранет. Вкупната вредност на товарот изнесува 884.400 евра, додека избегнатите царини и даноци се проценуваат на 283.538,64 евра“, пишува во соопштението од Независната управа за јавни приходи на Грција.

Додадоа дека целиот нелегален товар и од двата случаи е запленет и се спроведени предвидените законски постапки.

Jumbo 2