44-годишен жител на Љубојно загина во сообраќајна несреќа што се случила рано утринава на влезот во селото Брајчино, Ресенско. Несреќата била пријавена околу 5:45 часот.
Според информациите од МВР, мотоциклистот изгубил контрола над мотоциклот и излетал од патот.
Од здобиените тешки повреди починал веднаш, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Ресен, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.
Причините и околностите за несреќата дополнително ќе се утврдуваат.













