Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Возачот што избега му го пресекол патот на мотоциклистот кој почина на лице место – Обвинителството бара мерки за претпазливост

/

Македонија

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство Скопје во скратена постапка го гони 46-годишниот возач кој побегна од местото на сообраќајната несреќа во Радишани, а во која почина 19 годишен мотоциклист. Тој е осомничен за „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и за „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“.

Осомничениот, на 7 август околу пладне, управувал автомобил “сеат алтеа” по улицата “Радишанска”.

На крстосницата со улица “18”, на која сообраќајот не е регулиран со знаци, свртел во лево без да ги пропушти возилата кои доаѓале од спротивна насока. На тој начин го пресекол патот на мотоцикл “кавасаки” кој од спротивната страна на крстосницата го задржувал правецот на движење.

За да избегне директен судар со автомобилот, мотоциклистот отишол во лево, преминувајќи на коловозната лента наменета за движење возила во спротивна насока.

Но, таму со предниот дел од моторот удрил директно во автомобил “алфа ромео” кој доаѓал од спротивната страна. Од силата на ударот мотоциклистот Никола Макрачевски излетал, паднал на коловозот и се здобил со тешки телесни повреди од кои починал, а полесно бил повреден и возачот на автомобилот “алфа ромео”.

Осомничениот, наместо да укаже помош на повредените, по несреќата го напуштил местото.

Со цел обезбедување на лицето во текот на постапката, јавниот обвинител предложи да му бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавува во Судот, привремено одземање на патната исправа и одземање на возачката дозвола.

Во несреќата во која загина мотокциклист, учествувало и друго возило – полицијата го уапси возачот кој побегнал без да им пружи помош на повредените

Полицијата лиши од слобода едно лице кое со своето возило исто така учествувало во  сообраќајната несреќа во Скопје во која вчера загина 19-годишен мотоциклист од скопско. Тој побегнал од местото на несреќата без да им пружи помош на повредените. Полицијата дошла до овие сознанија додека ги прегледувала видео снимките од несреќата и го уапсила синоќа… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2