Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЦУК: Поради пораст на дневните температури, има зголемен ризик од настанување на пожари во Македонија

/

Македонија

Сподели преку :

Поради порастот на дневните температури, денеска се зголемува и метеоролошкиот индекс за опасност од пожари (FWI) информира Центарот за управување со кризи.

Според податоците од МКФФИС, на 9 август 2026 година во 09:00 часот, во попладневните часови источниот, централниот и јужниот дел од земјата ќе бидат со многу висок

Од ЦУК предупредуваат дека тоа значи зголемен ризик од појава и брзо ширење на пожари на отворен простор, како и шумски пожари со многу висок интензитет.

Останатите делови од земјата ќе бидат со висок FWI, додека исклучок се повисоките планински предели, каде што индексот ќе биде низок и многу низок.

Во услови на високи температури и зголемена опасност од пожари, ЦУК апелира до граѓаните на особена внимателност и одговорно однесување, особено при престој и движење во природа.

Од Центарот предупредуваат дека секое невнимателно постапување може да предизвика пожар кој, поради временските услови, може за кратко време да се прошири и да зафати голема површина.

ЦУК продолжува со континуирано следење на состојбата преку МКФФИС, како и со навремено информирање и координација на надлежните институции.

Директорот на ЦУК, Мухамет Али, повторно апелираше граѓаните да бидат особено внимателни во услови на високи температури и зголемен ризик од пожари.

 

Jumbo 2